Уште 43 заразени во Црна Гора, Рожаје најзагрозено

0
100

Во Црна Гора според најновите податоци на Институтот за јавно здравје регистирани се 47 новозаразени со корона вирус, од 439 тестирани.

Од новите, еден е увезен случај, 37 се контакти со потврдени случаи, додека за девет не се знае изворот.

Почина еден 85-годишен маж, со што вкупно во јуни починаа тројца а од почетокот на епидемијата 12. Најмногу заразени има во Рожаје 76, Подгорица 51, Беране 23, Бело поле 15, Будва 14…

За потсетување, Црна Гора минатиот месец беше прва земја која се прогласи за ослободена од корона вирусот. Но, штом се отворија границите и граѓаните излегоа во други држави, особено соседните, вирусот повторно ги нападна Црногорците.