Грција на пензионерите незаконски им ги намалувала пензиите

0
171

Грција на пензионерите веројатно ќе мора да им врати милијарди евра поради незаконски намалените пензии во време на финансиската криза, покажува заклучокот од судската пресуда.

За да ја надмине должничката криза, Грција од 2010 до 2015 година добила три меѓународни финансиски пакети кои вклучувале обврска за намалување на државната потрошувачка.

Изминатите години владата во повеќе наврати ги намалуваше државните пензии за да може пензискиот систем да биде одржлив, објаснува Ројтерс.

Илјадници пензионери чии пензии се намалени и до 50 отсто поднесоа судски тужби, а највисокиот управен суд пресуди дека некои намалувања во 2015 и 2016 година не биле во склад со законот. Денеска објавеното сиже од пресудата не содржи детали.