ВО СРБИЈА ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ НА МАСКИ И НА ОТВОРЕНО

0
152

Српскиот Кризен штаб за борба против новиот коронавирус денеска одлучи да воведе обврска сите граѓани да носат маски на отворен простор и забрани специјални собири на повеќе од 30 лица. Во изјава за медиумите, по седницата на Кризниот штаб, д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, нагласи дека сегашната епидемиолошка состојба во државата е таква што расте бројот на пациенти со корона.

„Заштитните маски треба да ги носат сите. Постојано и во секоја можност и на отворен простор. И тоа е мерка што стапува на сила веднаш“, изјави Кисиќ Тепавчевиќ.