Таравари побара оставка од Адеми откако Општина Гостивар го добила спорот за одземените ингеренции во образованието

0
191

Градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари на Фејсбук ја објави пресудата на Управниот суд со кое се поништува Решението со кое Министерството за образование и наука ги одзеде ингеренциите за именување и разрешување директори на основни и средни училишта на локалната власт во Гостивар.

Покрај фотографијата, Таравари го повика министерот за образование Арбер Адеми да се извини и да поднесе неотповиклива оставка.

„Почитуван “доценте”, врати ги ингеренциите, јавно извини се и поднеси си неотповиклива оставка, не поради мене, туку поради учениците и наставниците во Гостивар, кои ги малтретираш сега веќе 2 години. Правдата излезе на виделина“, напиша градоначалникот Таравари.