Зибери даде заклетва како Народен правобранител, опозицијата со транспарент: владин адвокат (ДУИ)

0
71

Насер Зибери седнат наспроти претседателот на Собранието, Талат Џафери, свечено се заколна како Народен правобранител.

Веднаш по заклетвата, новинарите го прашаа дали новата должност ја добил како компензација за позицијата Премиер.

 

„Мојот избор за Народен правобранител не е никаква компензација за моето минато. Напротив, моите ангажмани во сите области претходно се целосна гаранција дека ќе бидам во функција на спроведување на законот и Уставот како Народен правобранител, невообичаено важна функција за граѓаните во земјава.“.

 

Адвокат на владата – ДУИ, со ваков транспарент денеска пред канцелариите на Народниот правобранител излегоа младите на АА-Алтернатива.

 

„За жал, на многу лукав начин во Собранието на РСМ со само 61 глас на мнозинството и без согласност од опозицијата, Насер Зибери е избран за Народен правобранител. Потсетуваме дека Насер Зибери освен што беше политички и партиски функционер на последните избори беше и кандидат за премиер на ДУИ.“, рече Лиридона Емини.