Филипче – Половина од новозаразените со ковид-19 имаат од британската мутација на вирусот

0
63

Половина од новозаразените со ковид-19 во Македонија имаат од британската мутација на вирусот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче во интервју за телевизија Телма.

„Уште е рано да се опуштиме, бидејќи е детектирана британската мутација на вирусот. Сè поголем е процентот на анализирани материјали кои го содржат геномот на таа мутација“, вели министерот.

Филипче вели дека кога е детектирана британската мутација во јануари, процентот на новозаразени кои ја имале таа мутација на вирусот бил околу 20, а сега половина од новозаразените се со британскиот сој.

Мутацијата на вирусот откриена во Британија е позаразна.