Села побара да нема проблеми при регистрирањето на дијаспората за пописот

0
66

На седницата на централното претседателство на Алијансата за Албанците што се одржа во Тетово, партискиот претседател Зијадин Села побара Државниот завод за статистика да ги отстрани проблемите на дијаспората кои според нивни информации не успеале да се регистрираат за пописот.

Според него на денешниот прв ден нивната партија добила поплаки дека не можат иселените лица да ја направат постапката преку интернет.

-Се надевам дека е технички проблем, дека не се работи за намерен проблем алгоритам од страна на Заводот за статистика кој би имал за цел да секој петти, шестти или седми да го исфрли од пописот бидејќи на тој начин пописот нема да биде валиден. Затоа ја користам прилика да се обратам јавно до директорот на Заводот ако се работи за технички проблем да се преземат мерки и да се регулира овој проблем. Да се обратам и на дијаспората-секој кој не може да се попише онлајн да се јави на семејството и блиските во Македонија да ги дадат податоците за да тие ги попишат. Цениме дека е многу важно пописот да се одржи, после 20 години немање попис. Овој процес е важен за државата и не треба ниеден граѓанин без можноста да се попише. Се надевам дека не приредуваат некакви сценарија како на времето Ахмети и Груевски за пописот, изјави Села.