Бугарија задоволна од големите казни за палењето на бугарското знаме во Вевчани

0
18

Оние кои го запалија  бугарското знаме за време на карневалот во  Вевчани ќе мора да плаќаат високи казни за своите постапки, коментираат бугарските медиуми, по одлуката на обвинителството да изрече парични санкции.

Обвинителството во Струга достави предлог за санкции за трите лица одговорни за делото вандализам. Според предлозите, еден од обвинетите треба да биде казнет со 7.000 евра, додека другите двајца обвинети треба да бидат казнети со по 5.000 евра.

БГНЕС потсетува дека на еден карневал по повод верскиот празник Свети Василиј во Вевчани, беше запалено бугарското знаме како дел од маските, а инцидентот предизвика остри реакции од Министерството за надворешни работи на Македонија и Бугарија. Бугарија испрати и вербална протестна нота за тоа што се случи.

„Според обвинителството, обвинетите јавно го исмевале знамето на Република Бугарија. Еден од нив го запалил знамето, а другите двајца го подигнале и вееле запаленото знаме“, пишува БГНЕС.

фактор.мк