Тешка сообраќајка во Зајас, возачите пренесени во болница

0
27

На 01.04.2021 околу 19.00 часот во с.Зајас, кичевско, на место викано „Туфковско маало“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хјундаи галопер“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ш.В.(34) од с.Колари и патничко возило „сеат ибица“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Е.Е.(41) од с.Колари, информира МВР.

По незгодата, двајцата возачи биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево, каде што на Е.Е. му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на ОВР Кичево.