Инцидентите во кочанската населба Трајаново Трло завршија со 9 кривични пријави

0
24

По насилствата со секири и стапови меѓу жителите на кочанската населба Трајоново Трло и билиските на малолетникот, кој според жителите бил фатен во обид за кражба во една од куќите пред два дена, резултираше со кривични пријави за девет лица, кои го тепале малолетникот и објавиле на социјалните мрежи. Тие ќе одговараат за насилство врз дете. Но, од вчера на социјалните мрежи се споделува и видео клип од човек, кој се претставува дека е татко на малолетникот. Видеото е вознимирувачко и на него се гледа, како лицето со пиштол и нож во рацете упатува смртни закани кон лицата, кои го тепале неговиот син.

СВР-Штип работи на овој случај и според проверката на терен лицето не е во земјава, но се работи на негово обезбедување.

Тепаното дете сега и пред инцидентот е сместено во згрижувачко семејство, пред извесен период е пријавено дека избегало од кај нив. Според текот на случувањата, тоа било кај биолошките родители. Според извори вклучени во постапката детето има модринки и е многу исплашено. Последниот инцидент е резултат на повеќегодишните проблеми и тензии со кои живеат жителите на кочанската населба Трајаново трло. Тие веќе организираа и протести, со кои побараа поголема вклученост на полицијата, бидејќи нивните домови постојано се мета на крадци. Самите организираа граѓански патроли, за да можат да ги одбранат своите куќи од крадцитe

Телма Телевизија