Шестмина скопјани добија казна од 2.000 евра затоа што имале прослава во стан

0
24

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднело Предлог за издавање казнен налог од 2.000 евра во денарска противвредност, против шест лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Обвинетите го сториле делото на 13 јануари, кога наспроти донесените мерки и прописи за спречување на ширењето на коронавирусот, се собрале во стан на улица „Иван Козаров“ за да прослават Стара Нова година – Василица – соопштија од Обвинителството.