Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски в петок ќе оствари средба со претседателот на државата, Стево Пендаровски. Времето и местото ќе ги утврди кабинетот на претседателот.
Како што дознаваме, средбата е по барање на Мицкоски, а на неа ќе стане збор за:
1. Изјавата на претседателот за настанот од 27 април.
2. Политичка и економска состојба во земјата.
Пред неколку месеци ВМРО-ДПМНЕ ги замрзна односите со претседателот Пендаровски.