Име Вести Македонија Сијарто: Фрустрирани сме поради бугарската одлука да ја блокира Македонија

Сијарто: Фрустрирани сме поради бугарската одлука да ја блокира Македонија

0
28

Како земја силен поддржувач на процесот на проширување на Европската Унија, сме фрустрирани поради Бугарската одлука да ја блокира преговарачката рамка за Македонија. Секогаш се појавува некоја страна поради која преговорите не можат да почнат. Со години се водеа преговори со Грција и кога се постигна договор и помисливме се заврши тоа, се појавија Бугарите, изјави Унгарскиот шеф на дипломатијата Петер Сијарто.

Шефот на Македонската дипломатија Османи вели постојат уште теоретски шанси шефовите на држави и на влади на претстојниот самит на ЕУ, да донесат поинаква улога, ако не вели Османи разговорите ги почнуваме веднаш и со Бугарија и со меѓународните пријатели.

Со неразбирање на Бугарскиот потег се огласи и српската премиерка Ана Брнабиќ која силно се спротивстави на тоа билатерални прашања да се испречат кон нечие пристапување кон Европската Унија. Но, тоа е проблем ан самата ЕУ, вели тааќ

Утре и Задутре ќе се одржи состанок на врвот на ЕУ , во кој македонската страна гледа можност да се преиначи Бугарската одлука за блокада, донесена вчера на состанокот на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург.