МЗ: 85% од новите случаи и 91% од хоспитализираните, со ковид 19 се невакцинирани

0
24

-Во период од 06.08 до 19.08.2021 на територија на државата 9881 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив само 15% биле целосно вакцинирани, односно 1507 лица.

Само 15 проценти од ковид-позитивните граѓани во последните две недели се вакцинирани лица, а во болница завршиле 9 проценти од вкупниот број примени пациенти, со примени две дози на вакцина – ова го покажува последната двонеделна анализа на Министерството за здравство. Оттаму велат смртноста кај невакцинираните е драстично поголема. Во овој период од 14 дена, од починатото 101 лице, 92ца не биле вакцинирани, а деветмината кои ја загубиле битката, а биле имунизирани – имале повеќе хронични заболувања.

-Во период од 06.08 до 19.08.2021 на територија на државата 9881 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив само 15% биле целосно вакцинирани, односно 1507 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според двонеделната статистика, 8374 граѓани од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 91%, додека само 9% од сите 724 моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. -Министерство за здравство.

Од Министерството за здравство појаснуваат дека во анализата, за вакцинирани се сметаат граѓаните кои имаат примено две дози, а од втората доза имаат поминато најмалку 14 дена. Слободни кревети има во сите ковид одделенија, а таму каде што има зголемен притисок – пациентите се пренасочуваат во други ковид центри – уверуваат од здравство.