НАПЛАТА ЗА ПАРКИНГ И ОКОЛУ КОМПЛЕКСОТ ЛОВЕЦ ВО ТЕТОВО

0
64

Наскоро ќе започне да функционира уште еден паркинг простор “Б9”околу комплексот “Ловец”, соопштија од ЈП градски паркинг Тетово

-Вечерва ќе се изврши миење на улицата, а утре(01.09.2022) во 09:00 часот наутро ќе започне обележувањето на паркинг местата. Ве замолуваме за трпение и во овој период да не ги паркирате на ова место автомобилите.Исто така, станарите кои живеат во околните згради можат да аплицираат за годишна паркинг карта за која е потребно да ги достават следните документи: Лична карта, Сообраќајна дозвола, Имотен лист не постар од шест месеци, додадоа од ЈП Градски паркинг Тетово

Копии од документите ќе можат да се достават во просториите на претпријатието, почнувајќи од 15.09.2022 до 25.09.2022 година. Согласно тарифникот, годишната претплата за паркинг изнесува: Прво возило 3000 денари годишно, второ возило 7000 денари годишни, дополнија од ЈП “Градски паркинг”- Тетово.