ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ РАЗВИВА ПРОЕВРОПСКО КРИЛО, ТОА МЕ РАДУВА, ВЕЛИ ГРУБИ

0
56

Првиот вицепремиер Артан груби денеска пред медиуми, одговарајќи на новинарско прашање дали власта ги има потребните 80 пратеници за евентуалните уставни измени според францускиот предлог, рече дека го радува тоа што „во редовите на опозицијата се развива едно проевропско крило“.

– Нашите секојдневни контакти со опозициски пратеници, ми влеваат оптимизам дека тие ќе го поддржат тоа и гледаме веќе развивање на едно проевропско крило и во опозицијата, што ме радува многу, затоа што имаме потреба од опозиција која што е евроатлантски ориентирана, посебно во овие предизвикувачки времиња за државата, рече Груби пред новинарите.

Министерот за политички систем рече дека уставните измени ќе ги предводи власта, но и дека во опозицијата „ќе надвладеат прогресивните над регресивните сили“