Комплетно кревање на рампите меѓу С Македонија, Албанија и Србија треба да биде наша заедничка цел, смета Ковачевски

0
60

Во своето обраќање на лидерскиот самит на „Отворен Балкан“ во Белград премиерот Ковачевски кажа дека меѓу Северна Македонија, Србија и Албанија не треба да има граници. Тој посочи оти не му е јасно како странските земји кои меѓусебе немаат граници финансираат проекти во Западен Балкан за подобро гранично управување

„Отворен Балкан“, заклучи Ковачевски, се покажа и неопходен, оти како што кажа, ако ние успееме да сме добри за нас тогаш сигурно ќе сме добри и за Европа и за светот

Зближувањето е почеток, останувањето заедно е напредок а сораборката е успех. Вака премиерот Димитар Ковачевски денеска го започна своето обраќање на лидерскиот самит на „Отворен Балкан“ во Белград, посочувајќи оти е повеќе од јасно дека со иницијативата, Северна Македонија, Албанија и Србија го направија вистинскиот чекор во клучен момент.

„Се зближивме за да ја унапредиме регионалната соработка на патот кон еу. Заедно низ конкретни чекори се посветивме во олеснување на слободното движење на луѓе стоки, трговија и услуги. Ги градевме добрососедските односи и довербата како пријателски држави додека некои анализираа дали оваа соработка може да не дефокусира од европскиот пат. Ама ние верувавме дека го правиме вистинското за нашите граѓани, за нашите држави токму на европски начин преку унапредување на регионалната соработка како што функционираат и државите во Европа“,посочи премиерот.