Зеленски пристигна на првата линија на фронтот и им одржа говор на војниците

0
47

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посети украинските војници во малото источно гратче Авдивка, заблагодарувајќи им се за нивната служба на земјата и запознавајќи се со ситуацијата на линијата на фронтот.

Авдивка била една од главните цели на руската зимска офанзива, во која руските сили направија само мал напредок во источна Украина.

„Чест ми е да бидам овде денес, да ви се заблагодарам за вашата служба, за одбраната на нашата земја, Украина, нашите семејства“, рече Зеленски додека им оддаде почит на војниците во огромен индустриски магацин, според видеото објавено од неговата канцеларија.

„Ви посакувам само победа – тоа им го посакувам на сите Украинци, тоа е многу важно за сите нас.

Зеленски ја посети и болницата со ранетите, на кои им додели награди.

На снимката се гледаат и тешко оштетени станбени згради во градот каде што останаа околу 1.800 цивили.

Зеленски неколкупати ги посети украинските војници во последните недели, пред очекуваната украинска пролетна контраофанзива.

Кремљ објави дека рускиот претседател Владимир Путин ги посетил руските војници во Украина. Во понеделникот тој ги посети окупираните делови на регионите Херсон и Луганск.