Возач на „Ауди“ кој како што се гледа на објавеното видео на социјалните мрежи „покоси“ жена на улица во Пријепоље, Србија бега од местото, но благодарение на брзата и ефикасна акција на припадниците на полициската управа бил пронајден и изведен пред лицето на правдата , објавија српските медиуми.
„По тестот се покажа дека човекот кој бил зад воланот на автомобилот користел алкохол и психоактивни супстанци. Нивото на алкохол во крвта му е измерено и изнесува 1,42, а тој бил позитивен и на кокаин“, потврдија надлежните за српските медиуми.
Прегазената жена префрлена во Општата болница во Пријепоље со тешки повреди и нејзината состојба се следи.
„Возачот се чинеше дека воопшто не ја виде жената. Од силината на ударот таа прво падна на хаубата, а потоа и на патот. Возачот побегна од местото на настанот, но полицијата брзо го пронајде и го уапси“, изјави еден од очевидците.
Извор С.П