Припадниците на специјалната единица на косовската полиција денеска уапсија уште еден Србин, а министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечља, објави дека тоа е еден од организаторите на нападот на припадниците на КФОР, Милун Миленковиќ – Лунет, за кого рече бил еден од водачите на криминалот.