Маск му се закани со тужба на Закерберг поради новата апликација Тредс слична на Твитер

0
52
A Twitter logo is seen on a computer screen on November 20, 2017. (Photo by Jaap Arriens/NurPhoto via Getty Images)

Твитер ѝ се закани на корпорацијата Мета со правна постапка поради нејзината нова апликација наречена „Тредс“ (Threads), објавија западните медиуми.

Во писмото упатено до извршниот директор на Мета, Марк Цукерберг, адвокатот кој го застапува Твитер, Алекс Спиро ја обвинува Мета за злоупотреба на трговски тајни и интелектуална сопственост, најмувајќи поранешни вработени на Твитер заради развој на апликација со исти намени.

Од неговото објавување во средата навечер, „Тредс“ регистрираше десетици милиони кориснички најавувања. Апликацијата, создадена од тимот на Инстаграм, доаѓа во време кога многу корисници на Твитер бараат алтернатива за да се ослободат од влијанието на Илон Маск врз платформата, што тој ја купи лани за 44 милијарди долари.