Хан: Северна Македонија и Албанија одговорија на потребните реформи

0
163

„Северна Македонија и Албанија одговорија на потребните реформи, сега е време и земјите членки да одговорат“, повторно апелираше комесарот за проширување на ЕУ во заминувње, Јоханес Хан.

На социјалната мрежа Твитер, Хан потсети на пораката на лидерите на ЕУ упатена вчера до земјите членки кои треба да ја донесат конечната одлука на 17 и 18 октомври. Осврнувајќи се на отвореното писмо, Хан потсетува дека агендата за дискутирање и прифаќање на започнувањето на преговорите се уште е во тек и во администрацијата на ЕУ. Додека некои од земјите членки веќе ја кажаа својата одлука, очите се вперени кон Франција, Холандија и Данска, кои не се двоумеа да изразат резервираност, па дури и несогласувања со давањето датум.