Ангелов во СТУДИО 10: Мапа на голема Албанија праќа лоша порака и на тоа мора да се реагира

0
120

Јас се борам за помирување. Појдов со цвеќе во Липково да оддадам почит кон цивили кои ги загубиле животите во конфликтот. Но, на отворање на спомен-куќата во Сопот присуствуваше Али Ахмети. Наводно тоа беше за настан од 1944 година, но ние видовме карта на голема Албанија и обележја на УЧК. Ние имаме амблем на УЧК среде Скопје. Мене ме иритира картата на голема Албанија во која има дел од нашата држава праќаме лоша порака, а во тоа учествува врвот на ДУИ. Во однос на крстот на Попова Шапка, Беса ја нападна ДУИ дека дозволила изградба на крст на црковно земјиште. Но тој крст е на црковно земјиште и не е доминантен. На Попова Шапка има нелегална џамија за која не верувам дека некој оди таму оти таму не живеат Албанци. Некои работи наликуваат на провокации како гласните повици од минарињата, или посетата на премиерот на Косово Курти. Дали ние треба да молчиме на ова? Затоа треба да се каже стоп. Ако ДУИ не реагираше на крстот на Шапка никој немаше ни да го забележи оти не е доминантен, вели Ангелов.

24.mk