Скандал: Додека игра Македонија, „македонски“ министри ја бодрат Албанија во Тирана (ФОТО)

0
87

Додека репрезентацијата на Македонија вчера ги одмеруваше силите со Англија на арената „Тодор Проески“ во Скопје, дел од министрите во македонската Влада беа во Тирана каде што ѝ даваат поддршка на Албанија во дуелот против Фарските острови.

Според ТВ 21, вицепремиерот Артан Груби и министерот за економија, Крешник Бектеши вечерва наместо на трибините на Градски се наоѓаат во албанската престолнина, каде што ќе го слават и официјалниот пласман на нашиот западен сосед на ЕП 2024.

Ваквиот потег на министри во било која друга држава би бил оценет како скандалозен и би бил осуден во јавноста. Особено што во составот на Македонија играат солиден број фудбалери од албанска националност како Мислиу, Барди, Алими и Алиоски.

ФОТО: ТВ 21