Трактори и камиони ја блокираа Германија, протести низ земјата поради мерките за штедење

0
194

Голем број трактори се паркирани пред Бранденбуршката порта во Берлин на протестот на земјоделците кои бараат германската влада да се откаже од плановите за намалување на земјоделските субвенции.

Како што јави ДПА, на протестот во Берлин се околу 550 лица. Десничарската популистичка и евроскептична партија „Алтернатива за Германија“ (АфД) му се заблагодари на демонстрант преку социјалната мрежа „Х“ за пораката со која се повикува на нови избори. Во германската јавност постои страв дека демонстрациите ќе бидат од корист за крајната десница.

Конвојот синоќа стигна до легендарната Бранденбуршка порта во 17:30 часот по локално време. Земјоделците демонстрираат против плановите на германската влада под раководство на канцеларот Олаф Шолц да ги прекине субвенциите за земјоделството.

Владејачката коалиција ја сочинуваат Социјалдемократите (СПД), Зелените и неолибералните Слободни демократи (ФДП) на Шолц. Владата во четвртокот објави дека ќе повлече дел од планираните кратења на субвенциите, што Здружението на германски фармери (ДБВ) го смета за недоволна мерка.