Фатен штипјанец кој бил осуден на 15 години и четири месеци затвор

0
143

Денеска МВР соопшти дека нивни службеници успеале да го уапсат Ч.Р.(25) од Штип. Тој бил осуден на казна затвор од 15 години и 4 месеци за сторени најразлични кривични дела.

Според МВР Ч.Р. се барал со наредеба од затвор Идризово каде имал за доиздржување уште 5 години и 8 месеци. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за доиздржување на казната велат од МВР.