Укината забраната за движење на тешки товарни возила на неколку патни правци

0
181

Забраната за движење на тешки товарни возила на патните правци Крак-Маврово-Дебар и Гостивар-Стража-Кичево беше воведена синоќа поради обилни врнежи од снег

Укината е забраната за движење на тешки товарни возила на неколку патни правци, која беше воведена синоќа.

Од Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонија пат“, информираат дека утринава од 5:30 часот укината е забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Крак-Маврово-Дебар.

Претходно, како што информираат од „Македонија пат“, од еден часот по полноќ е укината и забраната на патниот правец Гостивар-Стража-Кичево.

Забраната за движење на тешки товарни возила, на овие патни правци, беше воведена синоќа поради обилни врнежи од снег.

На останатите државни патишта од „Македонија пат“ информираат дека утринава сообраќајот се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози. Слаб снег, како што додаваат од Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, утрово профрла на патните правци кон Битола, Ѓавато, Плетвар и Демир Капија.