Собранието направи план: Од 22 до 28 јануари ќе бира техничка Влада, нов пратеник, претседател на Собрание

0
202

Од Собранието информираат дека по одржаната прва координација во 2024 година во периодот од 22 до 28 Јануари на пленарна седница ќе се најдат следните процедури.

– Констатирање на оставка на претседател на Влада и претседател на Собрание
– избор на нов претседател на Собрание
– информирање на претседателот на државата за доделување на мандат за нов претседател на Влада
– Избор на Влада, министри, заменици министри и дополнителни заменици министри.
– Констатирање на престанок на мандат на пратеник и верификација на мандат на нов пратеник од ИЕ 5.

Од таму додаваат и дека седница за пратенички прашања нема да има до крајот на овој мандат, а првата ќе се одржи по 100 дена мандат на Владата избрана на парламентарните избори.