Војната на Израел против Хамас би можела да трае една генерација,а ослободувањето на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група мора да остане главен приоритет, изјави израелскиот министер за војна Бени Ганц.
Ганц вчера им соопштил на жителите на евакуираните заедници на југот на Израел дека е потребно итно ослободување на заложниците, јави израелскиот Канал 12.
Има време да се уништи Хамас, нема повеќе време за заложниците, тие се приоритет во моментов, рече Ганц.