(Видео) Џафери пречекан во родното село со извиците:„Илирида, Косово“

0
177

На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види како беше пречекан техничкиот премиер Талат Џафери во неговото родно Форино. Насобраната толпа народ го пречека со извиците: „Илирида“ „Косово“ „Чемерија“.

ВИДЕО.

Неговите соселани поредени од двете страни на улицата и со факели го отпоздравија Џафери, додека тој пристигнуваше во конвојот одполициски возила и обезбедувањето. Потоа тој дојде кај насобраните луѓе и почна да се поздравува со нив.

Џафери потекнува од гостиварското село Форино, чие име го носеше тој како прекар командант Форина.