Пендаровски: Не се сомневам дека ќе дојде денот кога ќе имаме претседател Албанец, но ќе мора да биде поддржан од сите етникуми

0
184

За Пендаровски не се спорни ниту името ниту етничката припадност на човекот кој е носител на претседателската функција во државата, но вели дека на оваа позиција може да застане само оној што ќе ги добие гласовите и поддршката на сите етнички заедници, зашто само така би можел да се нарече претседател на сите граѓани
Воопшто не се сомневам дека ќе дојде денот кога Албанец ќе биде и претседател на државата, меѓутоа само ако ги добие гласовите од сите етнички заедници, како што тоа беше случај со мојот избор. Ова во интервју „Еуроњуз Албанија“ го изјави претседателот Стево Пендаровски одговарајќи на прашањето за можноста етнички Албанец да застане на претседателската функција во земјава.

360°.mk