Меџити: Не поднесувам оставка, останувам министер се додека Собранието не одлучи поинаку

0
174

Не поднесувам оставка, останувам министер се додека Собранието не одлучи поинаку.

Министерот за здравство Фатмир Меџити рече дека не планира оставка, а најави и дека по изборите ќе биде министер.

– Оставка се поднесува ако не си работел чесно, ако си аморален, јас не планирам оставка.

На брифинг со новинарите Меџити најави дека се разгледува мислењето на Комисијата за да се прогласи пандемија на голема кашлица во главниот град.

Во секој момент вели ќе пристигне до него и ќе ја потпише одлуката. 4 нови случаи се регистрирани во Скопје.