Доаѓа ново заладување на времето: Еве за кога се најавува снежен „бум“

0
266

И понатаму нумеричките модели во последната декада од овој месец даваат сигнали за големо заладување и обилни врнежи од снег во најголемиот дел од регионот, но и во Македонија, објави метеорологот Славчо Попоски.

„ Со ова зимата ќе го покаже своето вистинско лице.

Инаку изминатиот подолг период сме сведоци на натпросечно топло време и недеостаток на снег.

Се надеваме дека во последната декада од овој месец ќе го имаме во изобилство насекаде во регионот, но и во Македонија.