Митрески утре ќе ги распише претседателските избори, за парламентарните сè уште нема одлука

0
127

Сè уште не сум донел одлука дали во ист ден ќе се распишат и редовните парламентарни избори. Правам некои консултации со службите во Собранието. Ако нема пречка зошто тоа не би го направил и во истиот ден, изјави Митрески

Претседателот на Собранието, Јован Митрески најави дека утре ќе ги распише претседателските избори, согласно обврската од Уставот. Митрески вели дека сè уште не донел одлука дали во ист ден ќе бидат распишани и редовните парламентарни избори.

Претседателските избори ќе бидат распишани на 14 февруари затоа што тоа е моја уставна обврска, обврска што произлегува од Уставот. Во Уставот пишува од 70 до 90 дена од одржувањето на избори. Фактички првиот круг на претседателските избори е 24 април, што значи 70 дена назад тоа е 14 февруари и тогаш ќе бидат распишани претседателските избори. Сè уште не сум донел одлука дали во ист ден ќе се распишат и редовните парламентарни избори. Правам некои консултации со службите во Собранието. Ако нема пречка зошто тоа не би го направил и во истиот ден, изјави Митрески во интервју за МИА.

Слободен Печат.