На полноќ истече преодниот период од пет години, односно одредбата од Договорот од Преспа, со која престануваат да важат патните исправи и документи за меѓународна употреба, што го содржат старото име на државата.
Личните карти со старото уставно име, ќе важат и понатаму и граѓаните ќе можат да ги користат непречено на територијата на нашата држава.
Истото од денеска важи и за возачките дозволи со ознаката „Република Македонија“, откако вчера собранието ги донесе законските измени, а претседателот Стево Пендаровски синоќа го потпиша указот за измените, со кои се пролонгира важењето на возачките дозволи со до крајот на годината.
Каква е состојбата на граничниот премин Табановце таму го имаме Јорданчо Цветановски.
Дали српските граничари дозволуваат да се помине границата со лична карта со старото име на државата со Република Македонија ?
Во видеото погледнете го целиот извештај.