СТРАШНА СЦЕНА: СЛОН ВЛЕЗЕ ВО ДВОР НА КУЌА И ГО ЗДРОБИ ГАЗДАТА КОЈ ПОЧИНА НА ПАТ КОН БОЛНИЦА

0
198

Тежок инцидент е снимен во Индија, каде разбеснет слон успеал да влезе во дворот на приватна куќа. Најпрво ја уништил малата капија и околниот ѕид, а потоа влегол во дворот при што го здробил сопственикот.

На видеото се гледа дека луѓето трчаат преплашени за да избегаат од слонот. Некои тргнале по правата патека, а други мислеле дека другиот ѕид на објектот ќе ги спаси.

Тие брзо се разбегаа кога го видоа слонот како се приближува. Безбедносните камери снимиле се`, до моментот кога си заминал.

Потоа на помош дошле и други кои го земале телото на сопственикот на куќата, тој бил пренесен во болница но не преживеал.