Сончево со максимални темератури до 17 степени

0
134

Минималните температури ќе бидат минусни и ќе се движат во интервал од -1 до -5 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 9 до 17 степени
Денеска нè очекува претежно сончево и тивко време. На места ќе има мала локална облчаност.

Минималните температури ќе бидат минусни и ќе се движат во интервал од -1 до -5 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 9 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и тивко со температури од минимални -4 до максимални 15 Целзиусови степени.

За утре, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) прогнозира сончево време со мала до умерена облачност и со умерен, а на места долж Повардарието засилен северен ветер.