Арсовска: Кривично ќе одговара оној кој најави дека Скопје ќе остане без јавен превоз

0
181

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска најави дека ќе поднесе кривични пријави за сите оние кои се заканија дека ќе го остават Скопје без јавен превоз.

Не може некој да излезе на 15. во месецот и да рече нема плата, нема да се вози, а врши дејност од јавен интерес. За тоа кривично ќе одговара оној кој најави дека Скопје ќе го остави без јавен превоз, рече Арсовска, на новинарско прашање по денешната прес-конференција за новиот Детален урбанистички план во Општина Ѓорче Петров.

Синдикатите во ЈСП, минататата недела во четврток попладне, најавија прекин на јавниот градски превоз за утредента, поради неисплатена плата за јануари. Автобусите не возеа од 4.30 до 6.30 часот кога, како што објаснија, им било јавено од директорот дека ќе им биде исплатена платата.