Kaj Ваташа загина мотоциклист

0
156

Л.С. (48) од село Ваташа вчера загина во тешка сообрачајна несреќа на регионалниот пат Кавадарци – Моклиште. Тој на излез од селото Ваташа со својот мотоцикл хамачи излетал од коловозот и тешко се повредил, по што бил однесен најпрво во кавадаречката болница, а потоа и комплескот клиники „Мајка Тереза“, каде што починал.

Увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР Кавадарци и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти МВР.