Тошковски: Стариот пасош важи во Германија и Швајцарија, а не важи кај нас, срамота

0
211

Македонскиот пасош со старото име се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, срамота е што не важи и во Македонија, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

– Очигледно е дека МВР презема максимум во рамките на можностите, но би сакал да го повторам решението на маките на граѓаните, 61 пратеник да си ја заработат платата која ја земаат од истите тие граѓани и да стиснат на тоа пусто копче, како што го сменија Законот за безбедност во сообраќајот, да го сменат Законот за патните исправи. Срамота е Македонија да ги зароби граѓаните, а истите да може да се движат во рамки на Германија, Швајцарија, Албанија, Косово и така натаму слободно да се движат со патни исправи со старото име. Ги лажеле луѓето цело време, ги лажеле и меѓународните партнери. Но, факт е дека македонскиот пасош со старото име се употребува во Германија, Швајцарија само не може да се употреби во Македонија. Пратениците да постапат по предлог законот за пасошите кој им го доставив“, рече денеска министерот за внатрешни работи од техничката влада, Панче Тошковски.

Тошковски рече дека пристигнале 20 илјади обрасци, но не објасни како МВР се нашло во оваа ситуација.