„Али Ахмети утре ќе ја соопшти големата вест“ – објави ДУИ без да ја каже темата

0
176

Освен дека ќе ја соопшти „големата вест“, ниту во објавата на вицепремиерот Груби ниту, пак, во партиското соопштение на ДУИ не е прецизирано за што точно ќе говори првиот човек на партијата. Но, најверојатно, во фокус на утрешното обраќање на Ахмети ќе биде партиската одлука околу нејзиниот настап на претстојните претседателски избори
Али Ахмети ќе ја соопшти големата вест. Ова преку својот фејсбук-профил денеска го објави вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби најавувајќи го утрешното видеообраќање на лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) кое ќе може да се проследи на неговата страница на Фејсбук.