СТРАШНА СЦЕНА ВО КИНА: Брод удри и сруши мост, автобус и автомобили паднаа во реката (ВИДЕО)

0
174

Карго брод удри во мост во кинескиот град Гуангжу рано утрово при што откорна дел од мостот. Пради тоа пет возила, вклучително и јавен автобус паднаа во реката.

Во несреќата загинале две лица, а едно е повредено. Тројца се уште се водат како исчезнати, објавија државните медиуми.

Сликите на видео надзорот покажуваат дека дел од мостот е скршен, а бродот е заробен под него. Се чини дека бродот не превезувал товар.

Инцидентот се случил во 05:30 часот по локално време.

Капетанот на бродот е приведен, а луѓето што живееле во близина се евакуирани, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на окружните власти.

Според извештаите, компанијата што го поседува бродот соопшти дека соработува со истрагата.

Еден од извештаите цитираше жител кој рекол дека водата и интернет-услугата во неговата област биле прекинати.

Во октомври 2021 година, провинциските власти ја идентификуваа потребата за зајакнување на мостот, вклучително и изградба на структури за избегнување падови на четирите столбови на мостот, објави CCTV.

Рокот за завршување на овие работи трипати се одложуваше, последен пат за август годинава, стои во извештајот.

Гуангжу лежи на делтата на реката Перл и е едно од најпрометните пристаништа во Кина.

Нанша, округот во кој се случи инцидентот, е најбрзо растечкото пристаниште во јужна Кина, со обем на товар се зголемува секоја година од отворањето во 2004 година.