Терористички напад на автопат кај Ерусалим (ВИДЕО)

0
148

Едно лице е убиено, а осум се повредени во пукање на автопат на периферијата на Ерусалим, соопштија израелските власти. Двајца од повредените се наоѓаат во тешка состојба.

.

Пукањето се случило во близина на населбата Ма’але Адумим. Полицијата ги нарече напаѓачите – терористи, без да дава детали за убијците.

„Тројца терористи пристигнаа со возило, излегоа и почнаа да пукаат од автоматско оружје врз автомобили во колона на пат кон Ерусалим“, се наведува во соопштението на полицијата.

Безбедносните сили „неутрализирале“ двајца од напаѓачите на лице место, а третиот бил „елиминиран“ при обид за бегство.