11-годишно дете тешко повредено во Охрид откако се лизнало и паднало од справи за вежбање

0
163

На 23.05.2024 година во 11.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во Општата болница во Охрид, било донесено 11 годишно момче од Скопје, со болки во стомакот и градите кај кого, по преземени мерки биле констатирани скршеници на ребра и други повреди. По извршени активности, било констатирано дека, малолетникот се лизнал и паднал од справи за вежбање.