Пожар пламна на познат сплав во Белград, гостите се евакуирани

0
100

Околу 17 часот избувнал пожар на сплав на кејот Сава, помеѓу блок 70 и 44.

Пожарот избувнал во кутијата за осигурувачите на сплавот, а на местото на инцидентот излегле 13 пожарникари и три возила и гаснењето е во тек.

Белградските медиуми пишуваат дека е пожар пламнал на сплавот „Годо“, а гостите се евакуирани, пренесува Танјуг.