Шест жртви со врзани раце зад грб се пронајдени во одморалиштето Акапулко

0
97

Обвинителите во Мексико соопштија дека телата на четворица мажи и две жени биле пронајдени наредени на улица во одморалиштето Акапулко во Пацификот, пренесува Фокс 10.

Жртвите биле задавени и со врзани раце зад грб. Убиствата се уште се под истрага, а нивниот идентитет не е соопштен.

Минатата недела, пет распарчени тела се пронајдени расфрлани на улица во Акапулко, а една од жртвите беше кандидат за место во општинскиот совет во блискиот град Којука де Бенитез.

Мексиканските нарко банди често ги убиваат своите жртви со задушување, со завиткување селотејп или пластични кеси околу нивните глави, се вели во извештајот на Асошиетед прес.

На почетокот на април, Едуардо Чавез, шефот на општинската сообраќајна полиција на Акапулко, беше пронајден мртов со прострелни рани.

Нарко-картелите во Мексико често ги принудуваат возачите на автобуси и таксисти да работат за нив и би можеле да бидат бесни поради запирањето на сообраќајот на таквите возила, пренесува АП. Видеата, наводно, објавени на социјалните мрежи во март покажуваат дека членовите на нарко-бандата брутално ги тепаат возачите на автобуси во Акапулко затоа што не дејствувале како стражари на картелот.

Еден месец пред тоа, на популарната плажа Кондеса беа пронајдени телата на двајца задавени мажи.

Стејт департментот ги советува Американците да не патуваат во државата Гереро, каде што се наоѓа Акапулко, „поради криминал“.

„Криминалот и насилството се широко распространети. Вооружените групи дејствуваат независно од владата во многу области на Гереро“, предупредува Стејт департментот.