Република Српска ќе побара од Босна и Херцеговина договор за мирно отцепување

0
129

 Милорад Додик, најави дека во следните 30 дена на Федерацијата на Босна и Херцеговина (БиХ) како страна потписник на Дејтонскиот договор ќе и предложи договор за мирно отцепување, бидејќи српскиот народ повеќе не може да живее во БиХ.

-Започнуваме со формална одлука да побараме мирно разграничување, ќе предложиме прво да се разјаснат политичките надлежности поврзани со субјектите и да се зачува и остави сегашниот модел на функционирање на економијата и во рок од неколку години да се адаптира тоа по моделот на мирно разграничување, изјави Додик.

Тој посочи дека српскиот народ едноставно не може повеќе да живее во оваа БиХ, дека „тоа што го направија Бошњаците со резолуцијата за Сребреница е незаконско и дека не ги почитуваат Србите“.

Европската Унија (ЕУ) и САД остро реагираа на неговата најава.

Од претставништвото на ЕУ во БиХ посочија дека повиците за „мирно разединување“ немаат никаква правна, фактичка или рационална основа, оценувајќи дека тоа не води никаде и создава неприфатливи стравови кај граѓаните.

Од американската амбасада во БиХ, пак, нагласија дека „разидувањето“ на Република Српска не значи нејзина независност или крај на Босна и Херцеговина, туку крај на Република Српска.

„Како што е изрично наведено во Дејтонскиот мировен договор и Уставот на Босна и Херцеговина, Босна и Херцеговина е држава наследник на Република Босна и Херцеговина. Уставот на Босна и Херцеговина не дава право на отцепување или „разидување“ на ентитетите или на која било пониска административна единица. РС може да постои само во рамките на Босна и Херцеговина“, велат од таму