При возење во Батинци слушнал истрели и застанал, а потоа забележал дека возилото му било оштетено!

0
223

Денеска (26.05.2024) во 03.00 часот во СВР Скопје, С.С.(43) од с.Батинци, скопско пријавил дека на 25.05.2024 околу 21.50 часот на подрачјето на с.Батинци, скопско, додека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, слушнал истрели по што застанал и на задниот дел на возилото забележал оштетување од огнено оружје.

Повредени лица нема.