Хулигани во Белград до смрт го претепале братот на потпретседателот на Владата на Федерацијата БиХ

0
203

Ѓорѓе Мијатовиќ (37), брат на потпретседателот на Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина и министер за развој и претприемништво Војин Мијатовиќ, е убиен вчера во Белград, потврди министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ. Мијатовиќ почина откако беше претепан од двајца хулигани во детскиот парк во Вождовац.

„Синоќа околу 18-19 часот полицијата добила повик дека има тепачка, отишле на адреса во општина Вождовац, го пронашле повредениот со сопругата. Го однесоа во Урегентна и таму почина“, изјави Дачиќ за ТВ Блиц.

Тој додаде дека синот на Мијатовиќ претходно се пожалил дека му ја украле топката, а имал проблем со двајца мажи.

Дачиќ нагласи дека се утврдува дали починал како последица на претепување.

Аутопсијата ќе потврди, лекарите велат дека имал и некои епилептични напади“, рече тој.

Како што дознава Телеграф.рс, синот на Мијатовиќ вчера му се пожалил на својот татко дека млади луѓе го малтретирале во паркот. Мијатовиќ потоа отишол кај нив, а по кратка дискусија младите го нападнале и го претепале.