ВОНРЕДНО Гром удри во авионот со македонските одбојкари – принудно слетување во Цирих!

0
522

Одбојкарската репрезентација на Македонија со години наназад го има прекарот „Спартанци“, нашите асови минаа најразлични авантури во изминатата деценија, но денешната случка ги надмина и најголемите проблеми со кои оваа национална селекција се соочуваше сиот овој период, објави порталот екипа.мк

Имено, одбојкарите денеска се враќаа во нашата земја по настапот на Златната лига во Белгија, а летот од Цирих доСкопје неочекувано беше запрен по неверојатна случка – гром удри во авионот додека леташе.